Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неготинци во паника од листерија – задолжително бараат фискална кога купуваат сувомесни производи!

Неготинци во паника од листерија – задолжително бараат фискална кога купуваат сувомесни производи!
Исплашени од опасната бактерија листерија, од која е разболеа две лица од нивниот град од кои едното почина, жителите на Неготино не излегуваат од месарница без фискална сметка за купените сувомесни производи, пишува Дневник. Сметката ја земаат како доказ за тоа каде ги купиле производите и од кој производител. „Се случува луѓе да си го враќаат филмот во главата за тоа што јаделе додека биле на одмор во туристичко место во Македонија и која била фирмата на сувомесното што го купиле таму. А деновиве во месарница сретнав сограѓанин кој инсистираше на фискална кај продавачката за семејството да покаже што јадел ако му се случи нешто. Богами голем е бројот на оние што водат евиденција што се јаделе и од каде го купиле“, вели за Дневник една жителка на Неготино. Дел од граѓаните барале од матичните лекари антибиотик како превентива за да не се разболат од опасната бактерија. Сепак, лекарите советуваат антибиотици да не се земаат превентивно и без потреба. Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Слично

Поврзани вести