ЧЕТВРТОЧНА AFTER WORK ЗАБАВА СО DJ ГОЦЕ САФ
Забава, дружење, промоции и акции, музика во живо со познати артисти ''среде бел ден'' - е концептот на серијата настани што ги најавува ДУНА за пролетва во центарот на Скопје. Првата журка во Duna Concept Store, лоциран на приземјето во ГТЦ, е најавена за 11 мај.
''Во една опуштена атмосфера и поинаков амбиент, кој што го нагласува урбаниот дух, овој четврток ја започнуваме планираната серија од попладневни, after work, забави за сите гости, посетители, намерници во салонот. Овој пат, тоа ќе биде со сет на познатиот DJ Гоце Саф, наздравување со чаша вино 'Тиквеш' и промотивни акции на сите производи наменети и поврзани со музиката'', велат одговорните во Duna Concept Store.
Идејатана вака осмислениот концепт- Урбан дух, за урбани луѓе!, велат во ДУНА, е на посетителите и на сите заинтересирани, освен постојаните промоции на производи и ценовни акции, при купувањето да им се понуди и забава, барем еднаш во неделата. Овој четврток, специјални цени ќе имаат врвните парчиња музичка опрема од добро познатите брендови Marshall, Beats, Bang&Olufsen, Sennhaiser, JBL, AKG, iOn, Sony, Harman Kardon.
Четврточната журка, во ритамот на DJ Гоце Саф, започнува во 15:30 часот, а тимот на Duna Concept Store ветува добра забава.
