Неделни откупни цени на зеленчукот за крај на манипулациите при откуп
До Владата Министерството за земјоделство ги доставило измените на законот за земјоделство, со кои на трговците и откупните фирми ќе им се наложи да воведат неделни откупни цени.
Од ова бенефит ќе имаат земјоделците. За оние производители кои пред месец дена протестираа неделните откупни цени ќе значат посигурен пласман. Објаснуваат дека со ваквите цени откупувачите нема повеќе да можат да ги манипулираат.
Земјоделците од струмичко минатиот месец протестираа со трактори затоа што откупните цени постојано се менуваа. Тогаш побараа со помош на надлежните да се заштитат од можните манипулации од трговците.
Откупната цената на доматите е нестабилна. Ако пред три дена се откупуваше по 25 денари за килограм, викендов падна на 15 денари.
Слично
