Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неделен извештај за квалитетот на водата

Неделен извештај за квалитетот на водата

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Секторот за санитарна контрола  во периодот од 06.04.2020до 10.04.2020 зема 192 примероци за физичко-хемиска и 192 примероци замикробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во во град Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат од ЈП Водовод и канализација.


Слично

Поврзани вести