НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: Ноќеска почнува зимско сметање на времето!
Во три ќасот по полноќ ноќеска започнува зимско сметање на времето. Тоа практично значи дека во три часот стрелките на часовникот се враќаат еден час наназад на два часот.
Исто така, ова значи и еден час повеќе сон ноќеска. Зимското сметање на времето во Европа ќе трае до последната недела на март 2015 година.
Промената меѓу летно и зимско сметање на времето за првпат била забележана во 1916 година, а досега е воведена во 70 земји во светот со цел да се заштеди дневна светлина и енергија.
По три години постојано летно сметање на времето, ноќеска и Русија ќе премине на зимско време. Рускиот претседател Владимир Путин во јули потпишал декрет со кој се враќа зимското сметање на времето, но промената ќе се задржи и во текот на летото.
Зимското сметање на времето го прекина поранешниот руски претседател Димитриј Медведев во 2011 одина, но многу руски граѓани негодуваа на одлуката затоа што не сакаат толку рано да стануваат за време на зимските месеци.
Медведев, во истовреме, го намали и бројот на временски зони во Русија од 11 на 9, со образложение дека граѓаните така ќе имаат помали нарушувања на биоритамот. Путин сега повторно враќа 11 временски зони на големата територија на Русија, од Камчатка на Пацификот, до Калининград на границата со Европската Унија.
Слично
