Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Не прави им го на другите тоа што не сакаш тебе да ти го прават“

„Не прави им го на другите тоа што не сакаш тебе да ти го прават“

Конфучие (Кунг Чиу-вистинското име) бил обичен човек, но неговото учење често го нарекуваат религија. Целокупното негово учење се заснова на морал, етика и принципи на меѓусебна интеракција на луѓето.

Тој бил еден од првите кои ја предложиле идејата на високоморално хармонично општество. Златното правило на неговата етика би звучело вака:

„Не прави им го на другите тоа што не сакаш тебе да ти го прават“

Неговото учење било општоприфатено, посебно како идеолошка норма на ниво на државата, а останало популарно скоро 20 векови.

Неговите мисли се едноставни и разбирливи за секој човек - веројатно затоа што влијаат инспиративно:

-Среќа - тоа е кога те разбираат, голема среќа - кога те сакаат, огромна среќа - кога сакаш ти.

-Природата ни дала по две очи и по две ува, а само еден јазик, за да би можеле да гледаме повеќе и слушаме, а помалку да зборуваме, бидејќи никогаш не може да се кажат толку мудрости колку што може да се премолчат глупости.

-Најтешко е да имате работа со жени и мали луѓе. Ако им се приближиш, ќе престанат да бидат жедни, ако ги држиш подалеку од себе, стануваат бесни.

-Ако мразиш - значи дека ќе те победат.

-Пред одмазда - ископај два гроба.

-Всушност, животот е едноставен, но ние настојуваме да го комплицираме.

-Совети прифаќаме капка, по капка, но затоа ги делиме со ампери.

-Поради само еден збор човек често го сметаат за мудар, а исто така и поради еден збор, често го сметаат за глуп. Навистина мора добро да внимаваме што зборуваме.

-Јас не се лутам ако луѓето не ме разберат, - се лутам ако јас не ги разберам луѓето.

-Не е голем оној, кој никогаш не паднал, голем е оној кој паднал и станал.

-Уште во младоста треба да го почувствувате стапот на кој ќе се потпираш во староста.

Слично

Поврзани вести