Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НЕ ПЛАЧИ“ во режија на Монс Морлинд и Бјорн Стајн премиерно во среда

„НЕ ПЛАЧИ“ во режија на Монс Морлинд и Бјорн Стајн премиерно во среда

Амбасадата на Шведска во соработка со Кинотека на Македонија, во среда 25мај, 2015 година во 20 часотво Кинотека,премиерно ќе го прикаже шведскиот филм „Не плачи“

"Прекрасна афирмацијана животот;исполнет со хумор, љубов, малкутемнина,одлична актерска играи - се разбира- многудобра музика"– Афтонбладед

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/tE9U4mfkU-8[/embed]

„Не плачи“ е филм чија приказна се заснова на музиката на најпознатиот пејач и текстописец во Шведска – Хокан Хелстром. Под режисерската палка на Монс Морлинд и Бјорн Стајн, шведскиот актер Адам Лундгрен одлично го портретира младиот Пол, главниот лик околу кој се плета целата приказна на „Не плачи“.

event cover

Во градот Гетеборг на шведскиот западен брег, Пол сонува да успее со својата музика. Но, тој се соочува со една огромна пречка – себеси. Во филмот приказната не води низ емотивното патешествие на Пол од неговите пријателства и тегоби, преку љубовта и предавството, до она што станува негова животна определба...

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/dcAWWm5vtZY[/embed]

Режисер: Монс Морлинд и Бјорн Стајн

Главна улога: Адам Лундгрен

времетраење. 109  минути

Година на издавање: 2013

влезот е бесплатен

се препорачува за публика над 11-годишна  возраст.

Следниот филм „Рејунион “ премиерно ќе се прикаже на 11јуни, во Кинотека

Слично

Поврзани вести