Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не мајтапете се со изнајмување инвалидски колички: Мајката на Јане лута на шегите на сметка на лицата со попреченост

Не мајтапете се со изнајмување инвалидски колички: Мајката на Јане лута на шегите на сметка на лицата со попреченост

Мајката на Јане, Деница Велковска е лута поради шегите на социјалните мрежи на сметка на лицата со попреченост од типот: Ајде да рентаме количка за да можеме да излеземе од дома.

„ Лицата со попреченост имаат неколку часа плус за движење за време на забраната. Не, туку имаат заштитени часови за движење по неколку основи. Јас најважниот основ го гледам по заштита на здравјето, т.е. немањето контакт со останатата гужва што им дава комплетна заштита од зараза. Потоа е основот ради нивната состојба и специфичните потреби за движење. Дали се јавува завист можеби? Би се менувал некој со нив да не беше пандемијава? Би седнал ли во инвалидска количка само за сега да смее да шета? Сигурно не!

Ама се сака да се коментира, да се мајтапи со „рентање колички“, изјави Деница за Женски магазин.

Слично

Поврзани вести