Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ Е ЛЕСНО ДА СИ ВО НЕГОВА КОЖА: Како изгледа еден ден да се биде успешен претприемач како Илон Муск

НЕ Е ЛЕСНО ДА СИ ВО НЕГОВА КОЖА: Како изгледа еден ден да се биде успешен претприемач како Илон Муск

Илон Муск е доста зафатен човек. Извршниот директор на SpaceX и Tesla спие малку, работи многу и често пропушта оброци што покажува дека неговиот живот не е особено здрав.

 Еве како изгледа еден вообичаен негов ден.

Муск станува во 7 наутро, а во ноќта обично му се собираат околу шест часа сон. Го прескокнува појадокот, во најдобар случај си зема кафе на пат за работа. Никогаш не излегува од дома, без да се освежи со туш - тврди дека тоа е најважниот негов утрински ритуал.

Инвеститорот работи меѓу 85 и 100 часа неделно. Во понеделниците и петоците е во седиштето на SpaceX во Лос Анџелес, а од вторник до четврток се занимава со Tesla. Во интервјуата често истакнуваше дека секоја недела одвојува и по едно попладне за компанијата за истражување на вештачка интелигенција OpenAI.

Викендот исто така не е мрзливо време за Муск. Во саботата тој често работи во SpaceX. Исклучок прави, ако петте негови деца од првиот брак остануваат со него. Во неделите патува или пак едноставно се одмора во замокот во Бел Ер.

Освен што го пропушта појадокот, Муск често и не руча. Понекогаш каснува нешто на нога или пак јаде набрзина за време на состанокот. Признава дека, сепак, на бизнис вечерите често претерува со калоричните јадења. Сака француска кујна, скара, а неговиот омилен алкохолен пијалок е виски.

Сепак Муск не го игнорирал целосното здравје. Еднаш или двапати неделно тренира во сала.

По сето ова директно е изненадувачки дека му останува време и енергија и за забави, но тоа е факт. Муск паѓа на екстравагантните забави. Еден од роденденските денови на пример ги прослави во англискиот замок, каде за гостите е организирана голема игра на криенка.

Вообичаено претприемачот си легнува околу 1 час по полноќ за да ги наполни батериите пред следниот напорен ден.

Слично

Поврзани вести