Економија, финансии, бизнис

Контакт

Научниците тврдат дека пушачите потешко наоѓаат работа

Научниците тврдат дека пушачите потешко наоѓаат работа

Луѓето кои пушат цигари, потешко наоѓаат работа, а во исто време заработуваат и помалку пари, тврдат научници.

Ова го покажува американско истражување, спроведено меѓу повеќе од 250 невработени во Сан Франциско и околината. Половина од испитаниците се пушачи, кои пушат во просек по 13 цигари на ден, а другата половина се непушачи. Нивниот напредок во пронаоѓањето на работа бил проверуван на 6 и на 12 месеци од почетокот на студијата.

„Утврдивме дека на пушачите им е многу потешко да најдат работа во споредба со непушачите"- коментира шефот на истражувањето, Џудит Прочаска од Универзитетот Стенфорд.

По една година 56% од непушачите успеале да најдат работа, во споредба со само 27% од пушачите.

Меѓу оние кои имаат работа, пушачите заработуваат во просек за 5 долари на час помалку од другите.

Речиси две третини од учесниците во анализата се мажи, а нивната просечна возраст е 48 години.

Повеќето пушачи се помлади, со понизок степен на образование и со полоша здравствена состојба од непушачите.

Слично

Поврзани вести