Економија, финансии, бизнис

Контакт

Научници тврдат: 40 посто од карциномот може да се спречи!

Научници тврдат: 40 посто од карциномот може да се спречи!

Поздрав начин на живот би можел да спречи појава на повеќе од 40 посто на карцином, покажало едно британско истражување.

Според податоците на Британскиот центар за истражување на рак пушењето е најважен меѓу предизвикувачите на рак кој може да се избегне со промена на стилот на живот, а после тоа следи нездрава исхрана. Ограничувањето на внесот на алкохол и редовно вежбање помагаат во намалување на ризикот од рак.

Според податоци од 2007 до 2011 година, повеќе од 300 000 случаи на рак во Британија се поврзани со шушењето. Нездравата исхрана била во тој петгодишен период поврзана со 145 000 случаи на рак, дебелина со 88 000 случаи на карцином и алкохол со 62 200 .

Ризични фактори се и оштетување на кожата поради прекумерното изложување на сончеви зраци и физичка неактивност.

Статистичарот Макс Паркин од  Британскиот центар за истражување на рак на лондонскиот универзитет Queen Mary вели како нема речиси никаки сомневања дека одреден стил на живот може да има големо влијание на појавата на рак.

„Истражувања ширум светот укажуваат на истите фактори на ризик“.

„Поздрав начин на живот не може да биде гаранција дека некој нема да добие рак но може да ги намали шансите од преземање на позитивни чекори за да се намали овој ризик во иднина“.

Слично

Поврзани вести