Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАУЧНИЦИТЕ НА НОЗЕ: Откриена четврта агрегатна состојба на водата!

НАУЧНИЦИТЕ НА НОЗЕ: Откриена четврта агрегатна состојба на водата!

Мислевте дека водата постои само во течна, цврста и гасовита состојба? Размислете повторно ...

Една од првите работи кои ги учиме за физичкиот свет околу нас е дека водата постои во три различни агрегатни состојби-течна, цврста (лед) и гасна (пареа). Меѓутоа, меѓународниот тим на научници неодамна откри дека течната вода може да постои во две различни состојби.

Во експериметална студија, објавена за „International Journal of Nanotechnology“, научниците откриле дека голем број физички карактеристики на водата се менуваат на температури помеѓу 50 и 60 степени Целзиусови. Овие промени тимот ги опишал како потенцијална „втора течна состојба“ со што предизвикале жестока дебата во научните кругови.

Доколку се потврдат резултатите на студиите, откритието ќе има големо влијание на цела низа полиња-од нанотехнологија до биологија.

Агрегатната состојба на материјата претставува клучен концепт при проучување на системот атоми и молекули. Кога всушност конфигурацијата на овие системи и одредувачката агрегатна состојба на материјата ги менуваат нејзините физички својства, тезата за четвртата состојба засега успешно се брани од напади.

Научниците утврдиле и дека на температури на водата помеѓу 50 и 60 степени се менуваат важни карактеристики како што се брзината на светлоста додека патува низ водата.

Откритието за четвртата состојба покажало како дури и најсекојдневните и најосновни супстанци може да сокријат бројни тајни , и покрај љубопитните научници и сите напредни технологии.

Слично

Поврзани вести