Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАУЧНА СТУДИЈА: Фејсбук го продолжува животот-еве и како!

НАУЧНА СТУДИЈА: Фејсбук го продолжува животот-еве и како!

Научници од калифорнискиот универзитет во Сан Диего спровеле истражување кое опфатило 12 милиони корисници на Фејсбук и дошле до заклучок дека користењето на таа социјална мрежа влијае на долговечноста. Студијата докажала дека на доброто здравје му користат и пријателствата склопени по пат на социјални мрежи, но само ако таа платформа се користи исклучиво и во умерени колични.

Некои претходни истражувања покажале дека луѓето кои имаат помалку социјални контакти воедно имаат и поголем ризик од прерана смрт . Пријателството е поврзано со долговечноста. Некои резултати покажале дека ризикот од прерана смрт кај осамени луѓе е еднаков на оние кои се пушачи и алкохоличари.

Но, изгледа дека пријателство може да биде склопено и по пат на социјална мрежа, за да би добро влијаело на здравјето.


„Кај речиси сите корисници на Фејсбук забележавме поврзаност помеѓу умерено користење на таа социјална мрежа и намален ризик од прерана смрт“ рекле авторите на студијата, Џејмс Фауер и Вилијам Хобс.

Студијата опфатила 12 милиони корисници на Фејсбук родени помеѓу 1945 и 1989 година.

Половина година ги следеле нивните активности на таа социјална мрежа и ги споредиле со податоците за општата здравствена состојба на жителите на Калифорнија. Се покажало дека ризик од прерана смрт кај корисници на Фејсбук е дури 12 отсто помала отколку кај луѓе кои не ја користат таа мрежа. Во обзир се земени и бројот на пријатели и активност на Фејсбук за да видат дали активните луѓе се и подолговечни. Тргнале од претпоставката дека оние кои објавуваат повеќе фотографии имаат и поактивен живот.

„Онлајн интеракцијата се покажала здрава кога корисниците биле умерено активни и со помош на социјалните мрежи само го дополнувале животот кој го водат надвор од компјутер. Негативни страни забележале само кај оние кои многу време поминувале онлајн, а малку комуницирале со останатите корисници-рекле научниците и додале дека луѓето кои прифатиле најмногу барања за пријателство биле кандидати со најмногу шанси за долговечност, пишува „Medical News Today“.

Слично

Поврзани вести