Економија, финансии, бизнис

Контакт

Натпревар за програмери, АЕК бара најдобра апликација за мобилен телефон

Натпревар за програмери, АЕК бара најдобра апликација за мобилен телефон
Под мотото „Која е твојата апликација“ Агенцијата за електронски комуникации(АЕК) организира натпревар во изработка на  апликации за мобилен телефон. Пријавувањето на учесниците започнува од утре и ќе трае до 25 јануари следната година, а апликациите мора да се компатибилни со оперативните системи: Android 2.3+, iOS 4+, Windows phone 7+ . „Која е твојата апликација“ е натпревар за изработка на апликации за трите најпопуларни оперативни системи за мобилни телефони: Android, iOS и Windows mobile. Целта е младите и амбициозни програмери да ја покажат својата креативност и талент, а со тоа и да го надградат своето знаење, како и да се поттикне развојот на новите технологии на пазарот и користењето широко појасен интернет. Како што појасуваа од АЕК, критериуми врз основа на кои ќе се оценуваат испратените апликации се креативност,  уникатност, визуелен впечаток и графички дизајн на апликацијата, перформанси и компатибилност на апликацијата, имплементираниот со социјалните мрежи и искористување на можностите и потенцијалот на оперативните системи (Android, iOS, Windows phone). Апликациите не мора да бидат нови и необјавени
Слично

Поврзани вести