НАТО подготвува нов план по рускиот напад на Украина
НАТО денеска ќе им каже на своите воени команданти да направат планови за нови начини за одвраќање на Русија по нападот на Украина и да размислат за распоредување дополнителни војници и поставување противракетна одбрана во Источна Европа, пишува Ројтерс, цитирајќи неименувани официјални лица и дипломати.
Министрите за одбрана ќе се состанат денеска во седиштето на НАТО, нешто повеќе од една недела пред лидерите на сојузниците, вклучително и американскиот претседател Џозеф Бајден, да се соберат во Брисел на 24 март.
Министрите ќе го слушаат и својот украински колега Олексеј Резников, кој се очекува да се заложи за набавка на повеќе оружје од одредени земји од НАТО.
Слично
