Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопје со Центар за контрола на сообраќајот

Скопје со Центар за контрола на сообраќајот
Градот Скопје ќе го финансира Центарот за управување и контрола на јавниот сообраќај, кој е формиран како дел од јавното претпријатие „Улици и патишта“. Според градскиот совет дополнително ќе се утврдува колку пари ќе издвојува Градот за ЦУКС. Задачата на Центарот за управување и контрола на јавниот сообраќај е да го контролира јавниот сообраќај, да го следи протокот на градските автобуси по сите траси, да ги следи состојбите на раскрсниците и слично. Во образложението на одлуката за финансирање на  ЦУКС стои дека ваквиот  Центар е дел од мерките за поефикасен сообраќај и веќе неколку пати е истакнуван пред меѓународните финансиски институции и партнерства во европски проекти.
Слично

Поврзани вести