Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наскоро мобилните батерии ќе ги полниме за неколку минути

Наскоро мобилните батерии ќе ги полниме за неколку минути

Полнењето на мобилните батерии во само неколку минути можеби наскоро ќе стане реалност благодарение на новата технологија. Таканаречените супер кондензатори, кои имаат облик на ситна плочка, можат да ги претворат куќиштата на мобилните, телото на автомобилите, па дури и ѕидовите во батеријата кои се полнат брзо.

Истражувачите од лабараторијата Vanderbilt Nanomaterials and Energy Devices објавија дека ги направиле првите прототипи, јавува Дејли Маил.

Супер кондензаторите енергијата ја потхрануваат собирајќи електрично наелектризирани јони на површината на порозниот материјал, наместо во хемиските реакции, како што е случајот со батериите. Иако можат да ги потхранат десет пати помалку енергија од сегашните литиум-јонски батерии, сто пати се поиздржливи.

Супер кондензаторскиот „wafer“ се состои од силиконски електроди, хемиски обработени како би добиле нано-пори на внатрешните површини и потоа се обложени со ултратенок заштитен слој од јаглерод, како гарфин.

Помеѓу двете електроди е тенкиот слој од полимер, кој служи како сад од наелектризирани јони, слични како електролитната паста во батеријата. Кога електродите се притиснат заедно, полимерот се вовлекува во ситните пори. Штом се излади и скамени, се ствара силна механичка врска.

Слично

Поврзани вести