Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нашите мелничари ќе може да ги обезбедат веќе договорените количини, вели Николовски

Нашите мелничари ќе може да ги обезбедат веќе договорените количини, вели Николовски

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски вели дека српската забрана за извоз на пченица и пченка не важи за нас. 

„Нашите мелничари ќе може да ги обезбедат веќе договорените количини“, изјави денеска Николовски.

Вели дека интензивно се прават напори и за изнаоѓање пласман на овошјето и зеленчукот, пред се на праските, јаболката, тутунот и грозјето.

Србија од четврток го прекинува извозот на брашно, пченка, масло и пченица, најави претседателот Александар Вучиќ. Зборувајќи за состојбата со пченицата и пченката, Вучиќ рече дека чека да види дали Русија ќе го забрани извозот на тие две жита.

Тој додаде дека од четврток повеќе нема да има извоз на брашно од Србија.

Слично

Поврзани вести