Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нашиот сончев систем има уште две планети, се кријат зад Плутон!

Нашиот сончев систем има уште две планети, се кријат зад Плутон!

Најмалку две планети поголеми од Земјата  демнат во темните длабочини на нашиот простор, многу зад Плутон, и чекаат да бидат откриени. Барем така наведуваат научници после новите анализи на орбитата „екстремно транс-Нептунски објекти“ (ЕТНО).

Истражувачите проучувале 13 ледени ЕТНО тела како што е џуџеста планета Седна, која орбитира околу Сонцето на голема оддалеченост, во елиптична орбита, пренесува  NBCNews.

Во теоријата, ЕТНО орбитите секогаш имаат одреден сет на параметри, но во пракса состојбата е поинаква и затоа е можно во нашиот дел од просторот да има нешто што не сме откриле.

„Бројот на објекти со неочекувани параметри не наведува на тоа да веруваме дека некои невидливи сили ја менуваат дистрибуцијата на орбиталните елементи на ЕТНО. Најверојатното објаснување е дека постојат други планети зад Нептун и Плутон“, изјавил водечкиот автор од Универзитетот во Мадрид Карлос де ла Фуенте Маркос.
„Точниот број е неизвесен, иако податоците кои ги имаме се огранилени, но нашите пресметки сугерираат дека постојат најмалку две планети, а можеби и повеќе, и тоа во границите на нашиот соларен систем“, додава Карлос.
Потенцијалните неоткриени светови би требало да бидат поголеми од Земјата, на 200 пати поголема оддалеченост од Сонцето - толку далеко што ќе биде многу тешко, доколку не и невозможно, да се воочат со моменталните инструменти.
Слично

Поврзани вести