Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАШИНЦИ ЗА ГОРДОСТ: Дали јунакот од Гостивар ќе ја покори Европа?

НАШИНЦИ ЗА ГОРДОСТ: Дали јунакот од Гостивар ќе ја покори Европа?
Ако на Светсткото првенство пред две години во Бразил, Шкодран Мустафи беше пријатно изненадување, сега на Европското првенство во Франција тој е јунак на Германија. 24 годишниот Мустафи пред три дена, на натреварот против Украина, го постигна победничкиот гол и неговата репрезентација сигурно почна да чекори на ЕУРО 2016. Но, на голот на Шкодран Мустафи не се радуваше само Германија. Неговиот успех е  радост за сите Албанци низ светот. Особено за гостиварци, оти корените на Мустафи му се токму од Македонија. Селфи со Ангела Меркел 24 годишниот Шкодран Мустафи е роден во Бад Хесфелд Германија, но неговиот татко е родум од гостиварското село Срмново. Неговите родители одамна се одселени во Германија, но Гостивар и натаму е втората татковина за семејството Мустафи. Фудбалската кариера Мустафи ја започна во младите категории на Хамбург, а во 2009 година мина во Евертон, каде се задржа три сезони, но одигра само еден меч. Потоа кариерата ја продолжува во Сампдорија, а во 2014 го купува Валенсија, каде се уште игра и има петгодишен договор со клубот. За Шкодран Мустафи, освен љубителите на фудбалот, македонската јавност дозна кога тој заедно со репрезентативците на Германија пред две години станаа светски шампиони и го подигнаа победничкиот пехар. 13443957_10209095311835914_189802980_nМустафи беше почестен лично со честитка од канцеларката Ангела Меркел и успехот го  овековечи со селфи со најмоќната жена во светот. Веднаш по освојувањето на Светското првенство, телевизијата ББС сними посебна репортажа за Шкодран Мустафи, во која тој вели: „Зборувам четири јазици. Но, не постојат доволно зборови со кои можам да опишам како се чувствувам. “ Мустафи објаснува дека се се случило многу брзо. Селекторот на Германија го повикал младиот фудбалер само два месеца пред Светското првенство во Бразил да се приклучи на националниот тим. Тој вели дека бил во шок. „Ми беше сон да настапам на Светско првенството. Сонот ми се оствари. Но, ова е почетокот. Немаш секогаш слободен билет да настапуваш за националниот тим. Треба многу работа и многу труд.“, изјави Мустафи за ББС. Гостивар во срцето Секој меч во Бразил кога играше Германија со стиснати палци за среќа, се гледаше во родното Срмново. Соселаните на таткото на Шкодран велат дека секој негов успех, го доживуваат како нивни. Но, ни успешниот фудбалер не ги заборава. 13444556_10209095311795913_773522708_n Тој секоја година навраќа во родниот крај на неговото семејство. Беше и почесен гостин на општина Гостивар и на градоначалникот Невзат Бејта по освојувањето на пехарот во Бразил. 13451225_10209095311555907_1984895825_n Поради Шкодран Мустафи на ова Европско првенство во Франција, поделени се чувствата на неговите гостиварци и на сите Албанци. Во Франција силите го одмеруваат и Албанија, потоа Швајцарија каде има неколку репрезентативци со албанско потекло и Шкодран кој настапува за Германија. Религиозен и модерен Освен за успехот во фудбалот, во шпанските  и германските медиуми за Мустафа се зборува и како посакуван ерген чие име се врзува за познати манекенки. Тој има многу фанови меѓу навивачите, но има и многу приврзанички од понежниот пол. Во шпанските телевизии минатата година  за фудбалерот на Валенсија се вртеше и едно видео, кога на прес конференција организаторот пред него стави шише со пиво, но тој го тргна и рече дека не пие алкохол. 13454059_10209095311595908_1172470922_nНа почетокот на Рамазан, месецот на постот, Шкодран на неговиот фејсбук профил објави негова фотографија, а на маицата пишува – Јас сум муслиман, без паника. Тој на сите верници им посака среќен Рамазан и Господ да ги благослови со многу среќа, љубов и здравје. М.Ј.
Слично

Поврзани вести