Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАПРЕДОК: Нов тест открива рак само со една капка крв

НАПРЕДОК: Нов тест открива рак само со една капка крв

Истражувачи од шведски универзитет создале нов тест на РНК кои може да откриваат и препознаваат место на присуство на рак во телото со анализа на само една капка крв.

Оваа нова техника, истражувачите тврдат дека открива канцер со 96 проценти точност.

„Откривањето на ракот во раната фаза е витално. Истражувавме за да создадеме сосема нов метод базиран на крв кој може да се користи за откривање рак, што во иднина би можел да ја елиминира потребата од земање примерок од ткиво за дијагноза на рак на белите дробови, на пример" - изјави Џонас Нилсон, истражувач од универзитетот.

Методот бил тестиран на 283 индивидуалци, од кои 228 имале некаков вид рак. Кај 39 пациенти кои имале дијагноза на рак подолг период, методот открил рак со 100% точност.

Иако на новиот метод му е потребно доосовршување, сепак научниците велат дека ова голем напредок во борбата со оваа смртоносна болест.

Слично

Поврзани вести