Економија, финансии, бизнис

Контакт

Направете сами сируп за отсранување на маснотиите од крвта

Направете сами сируп за отсранување на маснотиите од крвта

Нормалната концентрација на холестеролот во крвта на возрасните треба да биде до 5 милимоли по литар, а на триглицеридите до 1,7 милимоли по литар. Лицата кои имаат концентации поголеми од горенаведениве, имаат поголем ризик за развој на атеросклероза и кардиоваскуларни заболувања. Тие имаат и поголем ризик за смрт од срцев и мозочен удар во споредба со лицата кои имаат нормални вредности на холестрол во крвта.

Еден од факторите кој допринесува за појавата на хиперхолестеролемијата (покачено ниво на холестерол во крвта) е неправилната исхрана т.е. исхраната богата со масти, особено до животинско потекло, а сиромашна со овошје, зеленчук и интегрални житарици. Неправилната исхрана, физичката неактивност (седечки начин на живот) и дебелината се главните виновници за хиперхолестеролемијата.

Сепак, со практикување на здрава избалансирана исхрана можеме да го намалиме холестеролот во крвта по природен пат.

Ви претставуваме природен рецепт кој може да ви помогне.

Се што ви треба се:

1 кг лимони 5-6 китки магдонос 3 литри вода 1 кесичка сода бикарбона

Лимонот измијте го во студена вода, a потоа потопете го во топла вода , сипете ја кесичката сода бикарбона и оставете да отстои еден час. Магдоносот заедно со стебленцата исецкајте ги на ситни парченца исто така и лимонот заедно со кората ситно исецкајте го. Магдоносот и лимонот ставете ги во лонец во кој предходно сте додале три литри вода и варете на тивок оган додека не добиете 1,5 литар сируп. Овој сируп се пие секое утро на гладно една чашка од ракија ,оваа количина е доволна за 15 дена.

Слично

Поврзани вести