Напливот на пари го смири стравот: Совети до инвеститорите
- Мерките за спречување на вирусот и карантинот во овој момент, успешно го запреа експоненцијалното ширење на вирусот. Така, вниманието постепено се префрла од мерките за спречување на пандемијата кон мерки за заживување на економијата и ослободување на јавниот живот. Првите чекори ги гледаме оваа недела, во Австрија и Данска, како и во Словенија.
- Очекувањата се движат кон рецесија во форма на U поради побавното ослободување на мерките и одржувањето политика на социјално дистанцирање. Светскиот БДП се предвидува да падне помеѓу 1% и 2% оваа година. Очекувањата за САД се намалени за повеќе од 3%, а падот во Европа веројатно ќе биде уште поголем.
- Мерките на владите и централните банки конечно ги стабилизираа пазарите. Напливот на пари го смири стравот од ликвидносна криза и паничните продажби се смирија. Како што видовме најбрз пад на мечкиниот пазар во историјата, така видовме и најбрзо враќање на пазарите во историјата, поголемо од 20%.
- За инвеститорите со долгорочни гледишта, остануваат непроменети препораки. Движете се по зацртаниот пат. По 2021 година, се очекува само мало влијание на вирусот врз економијата, така што инвеститорите треба да ги задржат своите инвестициски стратегии и темпото на вложување. Нашите финансиски советници исто така можат да ве советуваат околу тоа. Важно е да бидете добро информирани пред да донесете одлуки.
Слично
