Напишете CV кое ќе ве вработи без овие 6 грешки
Првиот чекор до работата што ја сакате е да направите добро CV за кое треба да одвоите време да го напишете и да размислите што да наведете во него.
Сајтот Inc советува на што да внимавате и да направите CV кое ќе ве вработи.
Оној кој го чита вашето CV морате да го импресионирате во првите 6 секунди. Ако сте премногу субјективни некој друг нека го напише вашето CV.
Напишете две до три впечатливи реченици.
Потрудете се вашата биографија да не изгледа како да е копирана од Гугл и да нема зборови како креативен, комуникативен, искусен, и други зборови кои ја изгубија смислата.
Должината е важна. Бидете концизни и едноставни.
Немојте да се повторувате во кратката биографија.
Вашето CV разбијте го во секции и користете различен фонт.
