Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наместо во кафеана во фитнес сала: Бесплатни тренинзи за сите дами

Наместо во кафеана во фитнес сала: Бесплатни тренинзи за сите дами

Најпознатата фитнес апликација N+TC,изминатата недела беше главна атракција помеѓу припадничките на понежниот пол, за време на бесплатнатаN+TC тренинг сесија,која се одржа во Synergy Fitness & Spa.

DSC_5650

Насмеани и расположени женски лица, подготвени за вежбање под палката на Едина Муса и Стојка Спиридоновска, двеод најпознатите фитнес инструкторки во Македонија,беа дел одоваа глетка во најдобриот фитнес центар во Скопје. Фокусирајќи се на различни фитнес вежби, присутните дами буквално го размрдаа целото тело и успеаја да „притиснат“ до границите на издржливоста.

N+TC од минатата недела е повторно поблиску до жените, каде во фитнес центарот Synergy Fitness & Spaе отворена ретка можност за сите претставнички на понежниот пол да имаат бесплатни тренинзи во термините: секој вторник и четврток од 20:00 часот.

DSC_5572

Сите девојки и жени се поканети секој вторник и четврток во Synergy да се пријават и да уживаaт за време на бесплатните тренинзи согласно специјалната женска програма на Nike Traning Club.

Слично

Поврзани вести