Наместо да го плати, го голтнал прстенот!
Американец се обидел да украде златен прстен од продавница во Манчестер, сојузната американска држва Њу Хемпшир така што го голтнал накитот, но би приведен и обвинет за кражба.
Роналд Парли влегол во продавницата и побарал венчални прстени. Кога продавачот му покажал 14 каратен прстен од бело злато и дијаманти, тој го ставил во уста и го голтнал.
Персоналот на продавницата повикале полиција и крадецот бил уапсен.
Локалните медиуми јавија дека полицијата вчера го одзеле прстенот.
Парли е во затвор и за да биде ослободен треба да плати кауција од 50.000 долари.
Слично
