Економија, финансии, бизнис

Контакт

Намалени каматни стапки – Поволни услови за станбен кредит од Комерцијална банка

Намалени каматни стапки – Поволни услови за станбен кредит од Комерцијална банка
Почнувајќи од  18.11.2014 година, Комерцијална банка започна со понуда на  најповолен  станбен кредит со ЕУР клаузула со промотивна каматна стапка од 2,9%  годишна, фиксна за првите 3 години и 6,85% годишна, променлива  за остатокот на период на отплата на кредитот.Промотивниот период ќе трае до 31.03.2015 година.  Паралелно со оваа промоција , Банката продолжува да го нуди и станбениот кредит со ЕУР клаузула со каматна стапка од 4.85% годишна, фиксна  за првите 5 години и 6,65% годишна, променлива за остаток на период на отплата на кредитот, а изборот зависи од потребите и желбите на клиентот. Банката го продолжи и промотивниот период, во кој сите  станбените кредити со ЕУР клаузула ќе се одобруваат без надомест за одобрување и администрирање  и без трошоци за проценка на обезбедување до 31.03.2015 година. За одобрени станбени кредити наменети за рефинансирање на постоечки станбени кредити во Комерцијална банка, ќе се пресметува и наплатува надомест согласно актите на Банката.
Слично

Поврзани вести