Економија, финансии, бизнис

Контакт

Намалени цените на производите од индивидуалните земјоделци

Намалени цените на производите од индивидуалните земјоделци
Вредноста на откупот на на земјоделските  производи од индивидуалните земјоделци во август годинава, е намален за близу 30 отсто, во споредба со минатата година. Според податоците од Државниот завод за статистика лани во август, откупот изнесувал 326.505 денари, а оваа година 231.052 денари. Ова значи дека земјоделците своите производи во август годинава ги продавале за пониски цени во споредба со истиот месец мината година. Од друга страна, податоците покажуваат дека за 34,8 отсто својата продажба ја зголемиле земјоделските претпријатија. Намалување на вредноста на вкупниот откуп и продажба е забележано кај житариците, овошјето, грозјето, живинарството, јајцата, млекото и млечните производи. Додека зголемување на вкупниот откуп и продажбата е забележано индустриските, градинарските, фуражните, добитокот, рибните и алкохолни производи. Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во август 2012 година изнесува 691.067 илјади денари што претставува зголемување за 3.5% во споредба со истиот месец 2011 година.
Слично

Поврзани вести