Економија, финансии, бизнис

Контакт

Намален бројот на туристи

Намален бројот на туристи
За 5,9 отсто е намален бројот на туристи во јануари оваа година, во однос на истиот период лани, додека  бројот на ноќевања е намален за 5,7 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на туристите во јануари оваа година изнесува 31.764, а бројот на ноќевањата изнесува 66.984. За 2,9 отсто е намален бројот на домашните туристи во јануари 2013 година, во однос на истиот период лани, а бројот на странските туристи е намален за 8,5 отсто. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2013 година, во однос на јануари минатата година, е намален за еден отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 10,8 отсто. Бројот на туристите во јануари оваа година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 1,2 отсто и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5,2 отсто, а кај странските има намалување за 2,3 отсто. Ноќевањата во јануари 2013 година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 5,9 отсто и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 18,7 отсто, а кај странските има намалување за 6,1 отсто.
Слично

Поврзани вести