Накитот на Оскарите 2020: Ѕвездите носеа дијаманти од 50 милиони долари
Накит и часовници вредни 50 милиони долари прошетаа ѕвездите синоќа на црвениот килим на 92. Оскари во Лос Анџелес. Номинираните за Оскар и презентерите блескаа со дијамантите и смарагдите на престижните златарници како „Шопар“, „Тифани“, „Хари Винстон“, „Булгари“, „Картие“ „Форевермарк“ и „Дејвид Веб“.

Не се само тоалетите и костумите важни за најважната филмска ноќ во светот. Изборот на вистинскиот фустан е само половина од битката. Изборот на соодветниот накит е клучниот сегмент. Ако изберат погрешен ѓердан, обетки или белегзија, ѕвездите ризикуваат да изгледаат како да излегле неспремни, или уште полошо, да бидат критикувани од новинарите кои ги следат најголемите грешки на оскаровската писта.














