Најважниот екран во домот повеќе не е телевизорот ниту мобилниот телефон – се наоѓа во кујната
Кујната станува новиот дигитален центар на домот, а паметните фрижидери го менуваат начинот на кој ги планираме оброците, ја организираме секојдневната рутина и го намалуваме фрлањето храна.
Некогаш најважните семејни информации се наоѓаа на вратата од фрижидерот. Распоредот за тренинзи, детските цртежи, фотографии, рецепти запишани на ливче, листи за пазарење или пораки од типот „Не заборавај леб“. Фрижидерот беше местото покрај кое сите поминуваа неколку пати дневно и каде спонтано се оставаше сè што беше важно за членовите на домаќинството или што никако не смееше да се заборави.
Иако со напредокот на технологијата фрижидерите денес станаа вистински дигитални чуда, тие и понатаму се „душата“ на секоја кујна, а сега се попаметни од кога било. Во домовите каде што работата, училиштето, тренинзите и слободното време секојдневно се преплетуваат, кујната и понатаму е местото каде се планира денот. Таму одлучуваме што ќе готвиме, што треба да купиме и како ќе ги организираме семејните обврски, а паметните фрижидери со напредни дигитални можности станаа вистински семеен асистент.
Организација што започнува со отворање на фрижидерот
Колку пати сте тргнале во продавница, а дури пред полиците сте се обидувале да се сетите дали дома имате јајца, путер или млеко? Или сте го отвориле фрижидерот и сте сфатиле дека зеленчукот што сте планирале да го искористите останал заборавен во фиоката?
Ваквите ситуации им се случуваат речиси на сите. Токму затоа, паметните апарати за домаќинство во последните години не се насочени само кон перформансите, туку и кон подобра организација на секојдневието.
Hisense PureFlat Smart серијата е еден од примерите за ваквиот нов пристап. Благодарение на 21-инчниот паметен екран и ConnectLife Hub, вратата на фрижидерот се претвора во место каде што се обединети листите за пазарење, прегледот на намирниците, рецептите, семејните пораки и управувањето со поврзаните уреди во домот. Но она што ваквиот апарат го прави навистина интересен не е бројот на функции, туку начинот на кој тие се користат. Наместо префрлање меѓу повеќе апликации и хартиени белешки по кујнскиот пулт, информациите што секојдневно ни се потребни се наоѓаат токму таму каде што најчесто ни требаат – на „дигиталната огласна табла“ на вратата од Hisense фрижидерот.
Помалку отпад започнува со подобро планирање
Кога се зборува за одржливост, најчесто помислуваме на рециклирање или заштеда на енергија. Сепак, еден од најголемите предизвици во домаќинствата и понатаму е фрлањето храна.
Причината честопати не е неодговорност, туку лоша организација. Купуваме намирница што веќе ја имаме. Забораваме што се наоѓа на долната полица од фрижидерот. Планираме едно јадење, а подготвуваме друго, па дел од храната останува неискористена.
Токму тука паметниотHisense фрижидер може да направи разлика. Прегледот на намирниците помага секогаш да знаеме што веќе имаме, синхронизираните листи го олеснуваат пазарењето, а рецептите можат да се прилагодат според состојките што веќе се наоѓаат дома.
Ваквиот начин на планирање не заштедува само време и пари, туку поттикнува и поодговорен однос кон храната. Колку помалку заборавени намирници завршуваат во отпад, толку помал е и домашниот отпад.
Со други зборови, технологијата овде има практична улога – го поедноставува секојдневието, помага во подобро планирање и поттикнува поодговорно користење на храната.
Кујната повторно станува место за собирање
Интересно е што паметните Hisense фрижидери не се обидуваат да ги заменат семејните навики, туку да ги приспособат на времето во кое живееме. Ливчињата на вратата од фрижидерот се претворија во дигитални пораки. Фотографиите повеќе не стојат под магнети, туку на заеднички екран. Потсетниците и листите за пазарење им се достапни на сите членови на домаќинството, без разлика кој последен го отворил фрижидерот.
Затоа функциите како Message Board, Photo Wall или Album не се само технолошки додаток. Тие му ја враќаат на фрижидерот улогата што отсекогаш ја имал – место каде што се среќаваат информациите, плановите и секојдневниот семеен живот.

Паметна технологија што создава добри навики
Можеби најголемата предност на ваквите апарати е тоа што од корисниците не бараат да ги менуваат своите навики. И понатаму одиме по чаша вода, проверуваме што има за ручек или го отвораме фрижидерот неколку пати дневно.
Разликата е во тоа што притоа можеме да ја провериме временската прогноза, да ја ажурираме листата за пазарење или да оставиме порака за останатите членови на семејството.
Љубителите на спортот исто така можат да ги следат најновите вести поврзани со FIFA World Cup 2026™, најголемото фудбалско натпреварување во светот, чиј официјален спонзор е Hisense. На тој начин, овој екран ја презема улогата на главен информативен центар во домот.
Воедно, ConnectLife платформата овозможува поврзување на фрижидерот со други компатибилни Hisense апарати, претворајќи го кујнскиот екран во вистинска контролна точка на домот, без потреба од постојано префрлање меѓу различни апликации.
Покрај дигиталните можности, Hisense PureFlat Smart серијата го задржува и сето она што се очекува од премиум фрижидер: голем капацитет, диспанзер за разладена вода и мраз без отворање на вратата, антибактериска заштита за похигиенска средина, како и самодијагностика, функција што помага во препознавање на можни проблеми. Моделот RQ760N4IFE, со капацитет од 577 литри, е наменет за домаќинства што сакаат повеќе простор, но и подобар преглед на содржината во фрижидерот.
Асистент што го олеснува секојдневието
Најдобрата технологија не е онаа што привлекува најмногу внимание, туку онаа што природно се вклопува во секојдневниот живот.
Затоа Hisense паметниот фрижидер денес не е интересен само затоа што има голем екран и модерен дизајн. Интересен е затоа што помага поретко да купуваме исти производи двапати, полесно да ги планираме оброците, помалку да фрламе храна и поедноставно да го организираме семејниот ден.
Можеби токму затоа најважниот екран во домот повеќе навистина не е оној во дневната соба. Сè почесто се наоѓа токму таму каде што секој ден започнува и завршува – во кујната.
ПР објава