Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најстариот дипломец на светот има 96 години

Најстариот дипломец на светот има 96 години

Јапонецот Шигеми Хирата (96) влезе во Гинисовата книга на рекорди затоа што стана најстариот дипломец на светот.

Тој дипломираше на Универзитетот за применета уметност во Кјото. Хирата е роден во Хирошима во 1919 година. Тој стана познат меѓу студентите баш заради неговата возраст и раскажува дека многу студенти приоѓале и му честитале.

По заминувањето во пензија студирал 11 години.

„Баш сум среќен што на овие години можам да учам и паметам“-вели тој.

Јапонците се познати по долговечноста. Лани во земјата имало 59.000 стогодишници.

Слично

Поврзани вести