Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најстарата стјуардеса во светот има 80 години

Најстарата стјуардеса во светот има 80 години

Наш почнала да работи на 21 година за Истерн ерлајнс, а сега работи за Американ ерлајнс. 

Билетите чинеле 12 долари тогаш, а резервациите не биле потребни. 

Зборувајќи за својата кариера, таа вели дека морала да биде љубезна со клиентите. 

Сега на својата дневна релација Вашингтон - Бостон, се прегрнува со редовните патници. 

„Ги сакам нашите стари гости, а ме исполнуваат и новите. Уживам во бројните разговори, а со патниците има и што да се зборува“ - вели стјуардесата. 

Оваа 80-годишна жена кариерата ја започнала на 4 ноември 1957 година. 

Во тоа време носеле бели ракавици, а во авионите патниците можеле да пушат. Оттогаш наваму работите многу се смениле, но таа и денес си ја сака работата. 

Вели дека најтешко за неа било прилагодувањето на технологијата, но и тоа го совладала. 



Слично

Поврзани вести