Најсреќниот човек на светот кажува што треба да правите секој ден по 15 минути
Како што маратонците мора да тренираат, така и секој човек мора да го тренира својот ум за да биде среќен.
Дури и Гугл за најсреќен човек го наведува Метји Рикард, 69 годишен тибетски монах, кој потекнува од Франција, а прекарот го добил неслучајно.
Тој учествувал во 12 годишно истражување на универзитетски професор, при што на главата му биле закачени сензори и се покажало дека додека медитира и сочувствува со луѓето, тој се чувствува добро и опуштено.
Овој монах вели дека медитира по цел ден, а за титулата дека е најсреќен човек на светот вели дека е малку пренагласена.
Тој советува дека ако постојано се мисли на себе и на тоа како да заработите повеќе пари, тоа доведува до лоши чувства и на крај човекот се чувствува несреќен.
Рикард советува дека треба да се биде добронамерен и благонаклон кон околината.
Вели дека со ментален тренинг сите луѓе можат да бидат посреќни од она што се.
Монахот наведува дека 15 минути треба да се поминат дневно во „среќни мисли“.

