Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најскапото кафе на светот!

Најскапото кафе на светот!
Чаша од најскапото кафе во светот до неодамна чинеше 30 долари. Тоа се правеше од кафе зрна, кои прво ги јаде, а потоа ги дигестира посебен вид азиска ласица. Токму желудочните сокови од ласицата, на кафето му давале посебна арома и вкус. Но, приматот на азиското „злато“ неодамна го презема најскапиот бренд досега „Black Ivory Coffee“. И ова кафе поминува низ дигестивниот систем на животните, но овој пат кај слоновите. Познавачите велат дека  „Black Ivory“ е највкусното кафе на светот , појаснувајќи дека поголем дел од азиското кафе од ласица, кое се нуди на пазарот е лажно. 900 грама од кафето кое минува низ дигестивниот систем на слоновите, чинат 1100 долари, а една чаша кафе се продава за 50 долари. Една од причините за високата цена е одгледувањето на слоновите кое воопшто не е евтино. Нив им се дава да јадат само кафе од сортата „Таи Арабика“, одгледувана на високи надморски височини. За да создадат 1 килограм од скапото кафе, слоновите треба да изедат повеќе од 32 килограми зрна кафе.
Слично

Поврзани вести