Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најскапиот ѓердан на светот чини 55 милиони долари

Најскапиот ѓердан на светот чини 55 милиони долари
На пазарот излегува најскапиот ѓердан во светот. Тој ќе биде претставен на саемот за накит во Сингапур, како одраз на зголемениот апетит во Азија за скапоцени камења и украси. Ѓерданот е создаден од луксузната марка накит „Mouawad”, а ќе чини неверојатни 55 милиони долари. Се состои од голем жолт дијамант од 407 карати и 90 бели дијаманти по 230 карати. Пар потенцијални купувачи од Азија покажале „сериозен интерес” кон накитот, изјави претставник на брендот, кој одби да ја открие нивната националност. Најголемиот дијамант е пронајден сосема случајно во купот остатоци во рудник во Демократска Република Конго, пред 30 години. Уникатниот накит ќе биде вклучен во изложба во Сингапур помеѓу 11 и 20 октомври.
Слично

Поврзани вести