НАЈСКАПИ ГРАДОВИ ВО ЕВРОПА: Ова се 5 места каде што ќе платите малку повеќе
Доколку се спомене нешто како на пример кои се најскапите дестинации, градови во Европа, најверојатно прво ќе помислите на Монте Карло, Париз, Венеција...
Но, неодамнешно истражување покажа дека оваа пролет за сместување, превоз и други благодети, повеќе ќе треба да платите во Амстердам или Копенхаген одошто Париз или Венеција.
Следува листа на најскапи дестинации, направена по просек на цена за сместување за една ноќ. Нормално е дека има многу поскапи дестинации од овие, но во истражувањето се земаат предвид најпосетуваните туристички дестинации.
-Амстердам( просечна цена за ноќевање 192$)
-Копенхаген(просечна цена за ноќевање 162$)
-Даблин( просечна цена 142$)
-Цирих( просечна цена 141$)
-Венеција(просечна цена за ноќевање 138$)
