Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најскапата куќа на светот сега ја има саудискиот принц

Најскапата куќа на светот сега ја има саудискиот принц

Саудискиот принц Мохамед бин Салман, ја купи најскапата куќа на светот за 300 милиони долари. 

Салман го купил замокот на Луј XIV, кој има 4.645 квадратни метри, објави „Њујорк тајмс“. Принцот имотот го купил во 2015 година, а покрај тоа набавил и јахта од 500 милиони и слика од Леонардо да Винчи за 450 милиони долари.

Принцот замокот го купил од многубројни компании во Франција и Луксембург, кои се во сопственост на Eight Investment Company, саудискиот инвестициски фонд кој го основал Салман.

Замокот Луј XIV е урнат во 2009 година и на истото место е подигнато модерното здание.

Принцот на располагање во имотот има вински подрум, кино, 10 спални соби, базени, две балски сали, ноќен клуб, а сите светла, фонтани и клима ги контролира преку својот „ајфон“.

Слично

Поврзани вести