Најпосакуваниот моден додаток: Никаде без големи шалови или марами!
Секоја сезона ни доаѓаат нови трендови, а оваа есен сигурно ќе остане запаметена по многу впечатливите детали. И тоа не само поради бојата, туку и димензијата, бидејќи најмногу модни додатоци ни доаѓаат во Л величина. Така во самиот врв на оваа сезона се најдоа огромните шалови и марами кои речиси потсетуваат на ќебе.
Дамите ги сакаат затоа што се идеални за оваа доба од годината кога е препорачливо потопло облекување. Освен што добро греат, шаловите можете да ги носите и врзете на разни начини и со нив секогаш да изгледате посебно. Имено, овие модели даваат шик нота на целокупниот изглед, а предност е тпа што одлично се вклопуваат со капути, јакни, тоалети или џинс.
Кога е во прашање изборот на големи шалови во прашање, секогаш водете сметка и за боите. Ако сте фан на лежерното облекување, тогаш тоа може да бидат модели во жарки тонови или прошарани со впечатливи мотиви. Сепак, дамите кои сакаат префинета и елегантна комбинација, стилистите ги советуваат да носат шалови во неутрални и дискретни бои.
