Најмногу корупција има при вработувањето и меѓу инспекторите
Најголема корупција граѓаните сметаат дека има при вработување, а за најкорумпирани велат дека се инспекциските служби и градоначалниците. Ова се резултатите од анкетата на агенцијата Рејтинг која ја нарача Државната комисија за спречување на корупција.
Притоа перцепцијата за корупција при вработување е највисока кај етничките Албанци со дури 54 отсто, но и анкетираните од големите општини (49%). Според резултатите, граѓаните кои не се информирани за работата на локалната самоуправа веруваат дека буџетските средства не се трошат за потребите на граѓаните, туку се искористуваат на коруптивен начин. Во тоа се убедени дури 64 отсто Албанци, а 44 отсто Македонци сметаат дека општинските пари се искористуваат наменски за граѓаните.
Во периодот од 28 октомври до 1 ноември биле телефонски анкетирани 1080 граѓани од сите општини во државата.
Степенот на информираност за работата на локалната самоуправа кај граѓаните во земјата е релативно висок (46.8). Жителите во малите општини се поинформирани за разлика од оние кои живеат во поголемите општини и градот Скопје.
Прилично е висок процентот на оние кои сметаат дека средствата од буџетот во нивната општина не се користат за потребите на граѓаните туку, веројатно, за некои други потреби.
Слично
