Најмлечната крава нa целиот Блиски Исток живее во ОАЕ
Во фармата „Al Ain Dairy" во близина на градот Ал-Ајн во Обединетите Арапски Емирати одгледуваат околу 6 000 крави.
Една од нив која е холштајн-фризиски раса и нема име, има само број - 4307, меѓу локалните фармери е позната како Суперкрава и дава до 100 литри млеко за деноноќие при три молзења. Сопствениците на фармата многу се гордеат со неа и ја нарекуваат најмлечната крава на целиот Блиски Исток. Холштајн-фризиската раса е најзастапена млечна раса говеда во светот. За нејзина татковина се смета Холандија. Просекот за Холштајн-фризиските крави говори дека даваат 40 литри млеко за деноноќие. „Al Ain Dairy" е една од најголемите млечни фарми во Блискиот Исток. Таа е отворена во 1984 година со цел обезбедување на алтернатива на сувото и концентрирано млеко во Обединетите Арапски Емирати.
