Најмалите пушачи во земјава имаат 10 години
Поразителни се бројките за смртност од цигарите. Ова го покажува најновото истражување на Институтот за јавно здравје кое покажува дека 40 отсто во земјава се пушачи.
Најмалите пушачи се деца кои имаат по 10 години, а истражувањето покажува намалување на трендот на пушењето кај тинејџерите од 13 до 15 години и зголемување на бројот на пушачите од 15 до 64 години во однос на минатите години.
Можеме да кажеме дека кај адолесцентите од 13 до 15 години преваленцата на пушачи на тутун е 10.9 проценти односно 13.1 кај момчињата и 8.4 отсто кај девојчињата. Имаме позитивен тренд во однос на намалување на употребата на цигари и тоа е документирано со податоците од истражувањето за употреба на тутун кај младите кое во 2008 година покажуваше дека е 9.8 проценти, а намалена е на 7,6 отсто во 2016 година. Кај младите од 15 до 34 години превалнцата изнесува 47.7 отстоод кои 40 проценти се пушачи на тутун, а 51.6 отсто се изјасниле дека некогаш во животот пушеле, истакна раководителката Елена Ќосевска.
Според податоците на СЗО околу шест милиони луѓе умираат од употреба на тутун секоја година, бројка која се предвидува дека ќе се зголеми на повеќе од 8 милиони годишно до 2030 година без преземена акција.
