Најљубопитните тајни на стјуардесите
Стјуардите и стјуардесите, кои им служат на летовите на цивилната авијација, открија дел од нивните тајни во својата работа. Тие никогаш не се споделуваат со обичните патници.
Претставниците на сервисниот персонал ги споделиле набљудувања таво различни форуми на социјалната мрежа. Субјективното издание Independent ги селектеира најљубопитните тајни на стјуардесите.
1. Слушалките кои им се даваат на патниците во авионот, не се нови - Иако се спакувани во чиста пластична ќеса, слушалките не се сосема нови. Тие биле користени во неколку наврати од други патници во авионите на компанијата. Се разбира, тие биле чистени секој пат.
2. Зошто се гаснат светлата во салата пред слетување?
Вистината е дека тоа се прави при слетување навечер, за да може очите на патниците да се навикнат на темнината во случај на итна ситуација.
3. Чистотата на водата користена за кафе и чај, буди сомнежи
Водата која се користи за раздавање на чај и вода, се чува во лименки. А колку често тие се чистат, тоа е нејасно.
4. Кога вратата на авионот е отворена, стјуардесите сѐ уште не се на работа
Според информации на весникот, стјуардесите и стјуардите се на работа само за време на летот. Времето што го поминуваат во авионот, додека вратата е отворена, не се плаќа.
5. Диетска кола
Ова е најтешкиот пијалок за сервирање . Затоа стјуардесите најмалку ја сакаат токму неа. Пената побавно спаѓа, кога авионот се наоѓа на 10 000 метри височина над морското ниво. За времето кога пената се спушта, стјуардесите можат да завршат куп други работи.
6. Вистината за исклучената елекроника
Вклучени електронски уреди во авионот не можат да доведат до авиокатастрофа. Патниците се молат да ги исклучат, бидејќи ги вознемируваат пилотите, раскажува стјуардеса,која сакала да остане анонимна.
Ова се само дел од деталите кои стјуардесите можат да ги споделат со нас. Други љубопитни нешта кои и пред тоа сме ги споделувале, покажуваат дека маската со кислород ќе ви послужи само за 15 минути, пилотите сакаат да спијат во текот на летот и речиси секој еден авион е удрен од молња.
