Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најкриената тајна на Гугл може да биде откриена?

Најкриената тајна на Гугл може да биде откриена?

Германската држава поднесе барање на компанијата Гугл да направи нешто што не го направила досега!

Германскиот министер за правда Хеико Мас побарал од интернет гигантот да открие како точно ги рангира резултатите од пребарувањето, пишува „Бизнис Инсајдер”.

Меѓутоа, ова никогаш нема да се случи!

Германија можеби сака Гугл да стане транспарентен, но овој алгоритам го претставува срцето на оваа компанија, изворот на целото негово богатвство и моќ која ја има како најголем индекс на знаење на планетата.

Гугл едноставно никогаш нема да ја открие својата тајна, а извршниот директор Лари Пејџ е подготвен да се бори „до смрт“.

Гугл обработува преку 90 одсто од интернет пребарувањата во Европа, а најголемиот дел од профитот на оваа компанија и понатаму се обезбедува токму на овој начин. Поради тоа ставот на компанијата е прилично јасен.

Слично

Поврзани вести