Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најдобриот бизнис совет за успех ни го открива-Мет Дејмон

Најдобриот бизнис совет за успех ни го открива-Мет Дејмон

Мет Дејмон  (Matt Damon) е одличен актер, а како дошол до сјајна кариера ја споделил тајната во едно видео кое го објави еден американски институт. Изгледа во тоа му помогнале советите кои ги добил кога бил млад.

„Најдобриот совет кој го добив е ... па, ќе ви кажам две работи.

Кога бев млад, сите ми говореа да не бидам актер. До денешен ден тоа е токму она што јас им го говорам на луѓето кои дојдат кај мене и ми речат: „Размислувам да се занимавам со глума. Што мислите вие?

Им велам: „Апсолутно не! Тоа е ужасна идеја, немојте тоа да го правите!“ Бидејки тоа е се што мене ми говореа другите.

Мислам дека ако сакате да успеете во овој бизнис, кој е полн со одбивања и потешкотии, мора да верувате во себе, и покрај тоа што ви говорат оние кои ги сакате и оние на кои им верувате. Тоа е многу лично патување.

Значи, тоа навистина помогнало. Советот да се држам подалеку од оваа кариера навистина беше од помош. По мое разбирање, тоа ми беше толку важно, што одев по него.

Друг совет кој би го споделил е...

Мојот учител по глума од средното училиште Џери Спик, кој имаше огромно влијание на мене ми рече само неколку збора:

„Само направи ја својата работа, момче“.

И ми го повторуваше тоа неколку пати, повторно и повторно - „Само направи ја својата работа, момче“.

Тоа е она на кое што секогаш можам да се врата. Тоа е моја појдовна основа.

Кога имам сомнение само се фокусирам на својата работа. Ако се на филм тргне погрешно ќе се погрижам мојата работа да биде доверлива и потоа одам понатаму. Тоа е сјајно место за почеток. Тоа е добра основа“.

Слично

Поврзани вести