Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најдобри дестинации за зимски одмор...

Најдобри дестинации за зимски одмор...

Читателите на Гардијан направија листа на градови кои се најдобри за зимски одмор. 

На листата се најде Цирих каде се препорачува да се види врвот на мини планината Итлиберг, селото, езерото. Местото е погодно за санкање, а за љубителите на авантура има и зимско санкање. Денот може да се заврши со сирење и вино на некој од божиќните пазари. 

Главниот град на Естонија, Талин е опишан како бајковито место со одлична храна. Градот не е многу голем, но сепак е идеален за два-три дена одмор. 

Ахена е место во Германија каде има многу свечени пазари и каде можат да се вкусат различни пијалоци. 

Гент во Белгија е град со прекрасни ресторани и пекари, каде има вкусни специјалитети, пици се печат на камен, а истото можат да го видат и посетителите. 

Осло е опишан како град кој нуди светлост и топлина и во ладните денови. Прошетката во градот е прекрасно доживување и насекаде се отворени вештачки лизгалишта. 

Листата ја надополнуваат Виена, Краков, Берген, и Минхен. 




Слично

Поврзани вести