Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најчудните изговори за задоцнети даночни пријави

Најчудните изговори за задоцнети даночни пријави
Смртта на домашно милениче - златна рипка , е меѓу најчудните изговори на Британци кои не успеале да поднесат даночни пријави навреме и се обиделе да избегнат казна од 100 фунти, пишува "Мирор". Еден градежник, на пример, изјавил дека задоцнил со поднесувањето на даночна декларација, бидејќи неговата сакана златна рипка починала. Тврдењето му е на прво место на листата на најчудните изговори , составена од британската Даночна и царинска служба. Во чудниот ранг спаѓа и оправдувањето на една лондончанка , која изјавила дека причината за одложувањето се вестите на телевизија, во кои покажале ерупција на вулкан . Жената тврдела дека по таа глетка не била во состојба да мисли на ништо друго . " Секогаш ќе има непредвидени настани кои можат да ги спречат луѓето да поднесат даночни пријави навреме . Смртта на златна рипка сепак не е меѓу нив " , вели Рут Овен од службата. Еве ги и некои од другите најчудни изговори за задоцнети даночни пријави : 1 . Жена ми не ми ја дава поштата ( трговец ) 2. Маж ми ми рече дека крајниот рок е 31 март и јас му поверував ( фризерка ) 3 . Бев многу зафатен да одам низ земјата со својата монодрамата ( писател ) 4 . Имам проблеми со грбот и ми е тешко да се искачам по скалите до горниот кат, каде што ми е даночната декларација (таксист ) 5 . Одам низ светот со јахта и си земам поштата само кога сум на копно ( јахтсмен ) 6 . Во нашиот бизнис всушност не вршиме речиси ништо ( фирма за финансиски услуги ) 7 . Бев премногу зафатен со даночните декларации на моите клиенти ( сметководител ) .   А.А.
Слично

Поврзани вести