Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најавен крах на модното царство: Ралф Лорен ја затвора продавницата во Петтата авенија

Најавен крах на модното царство: Ралф Лорен ја затвора продавницата во Петтата авенија

Иако на листата на Форбс на најгобати луѓе Ралф Лорен го зазема 233 место со богатство проценето на 5,5 милијарди долари светските медиуми и аналитичари најавија почеток на неговиот крај со затворање на престижната продавница на Петтата авенија во Њујорк.

Со падот на продажбата, компанијата бележи пад и на акциите за 4,5 посто, а е соочена и со финансиска нестабилност бидејќи извршниот директор Стефан Ларсон во февруари најави дека заминува од модната куќа поради несогласувања со основачот и претседател Ралф Лорен. На негово место дошла екс директорката за финансии.

Како што е наведено познатиот бренд го загрозила конкуренцијата на евтини модни марки како H&M и Zarа. Исто така една од најпознатите модни куќи на луксузна гардероба најави отпуштање на 1200 работници и затворање на 50 продавници.

Со новите мерки на заштеда оваа компанија годишно би заштедела околу 140 милиони долари, а освен затворањето на низа продавници , Лорен објави дека својот интернет бизнис ќе го префрли и на поевтина платформа.

Наемот за бутик на Петтата авенија е меѓу највисоките, затоа за неколку дена ги затвора своите врати,. Компанијата во Њујорк има уште седум продавници, а работниците од Петтата авенија ќе бидат распоредени во други бутици.

Последен пат креацијата на познатиот филантроп заблеска ни помалку ни повеќе туку на Првата дама на САД Меланија Трамп која за инаугурацијата на сопругот одбрала неблескава тоалета од кашмир со негов потпис. Ралф Лорен е еден од ретките дизајнери кој не одби соработка со неа, но изгледа дека ни тоа не му помогнало на неговиот бизнис.

Слично

Поврзани вести