Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наградна игра „Плаќај со VISA и отпатувај во Бразил“

Наградна игра „Плаќај со VISA и отпатувај во Бразил“
VISA, официјален партнер на FIFA, организира наградна игра за потрошувачите од Македонија, а најсреќните ги води на најголемиот светски настан оваа година Светското првенство во фудбал FIFA World Cup 2104 во Бразил. Во периодот од 02.05 - 15.05.2014 година сите кои користат VISA кредитни картички од Стопанска банка АД – Скопје имаат можност да станат потенцијален добитник на патување во Бразил за 2 лица и посета на натпревар од Светското првенство во фудбал. Се што е потребно за стекнување право на учество во наградната игра е трансакција над 300 денари во трговската мрежа или e-commerce (електронска трговија) со VISA кредитна картичка од Стопанска банка. Со секоја дополнителна трансакција се зголемуваат шансите за добивка. Во Наградната игра ќе биде доделена следната награда: Патување за две лица во Бразил на Светското првенство во фудбал 2014 во периодот од 14 до 17 јуни вклучувајќи и влезници за натпреварот во рамки на Светското првенство помеѓу репрезентациите на Босна и Херцеговина и Аргентина. Наградата патување за 2 лица во Бразил се состои од: · 4 дневна програма за 2 лица со 3 ноќевања · Повратни авионски билети од Скопје до Рио де Жанеиро, Бразил · Услуга за пречек на аеродром во Рио де Жанеиро · Групни активности / тура на денот на пристигнување и заминување · Дневен доручек за 2 лица · Вечера на денот кога не се оди на фудбалски натпревар · Две (2) влезници Категорија 2 за натпревар на FIFA Светскиот куп · Хотелско сместување за 2 лица во хотел со 4 ѕвездички · Транспорт согласно распоредот на активностите · Комплет FIFA брендирани подароци · Тим за поддршка од страна на VISA · Една (1) VISA prepaid картичка со 300$ Извлекувањето ќе се одржи на 16.05.2014, додека добитникот ќе биде објавен најдоцна 3 работни дена по извлекувањето. Исправноста на патните исправи како и добивањето на соодветните визи за реализација на патувањето се во целосна одговорност на добитникот на наградата. Правилата за наградната игра се во целост достапни на www.stb.com.mk  
Слично

Поврзани вести