Економија, финансии, бизнис

Контакт

Награда од 30 илјади евра за македонските ракометари

Награда од 30 илјади евра за македонските ракометари
30 илјади евра награда за ракометарите на машката ракометна репрезентација кои упеаја да се квалификуваат за ЕП во Данска. Оваа одлука денеска ја донесе УО на РФМ. Оттаму најавија дека парите на сметките на играчите ќе бидат уплатени месецов. Оваа награда се дава согласно правилникот на РФМ, но ако се исполни даденото ветување, за првпат ракометарите ќе бидат навреме исплатени. За време на денешната седница беше потврдено и дека нема промена на  селекторот  на националниот тим. Ивица Обрван и понатаму останува на оваа функција според договорот со  клаузула дека со пласман на ЕП, тој автоматски му се продолжува. Македонија во неделата со победата над Португалија се пласираше на ЕП во Данска.
Слично

Поврзани вести